Шампионот го раскина договорот со Фатјон Јусуфи!

227

Како што и официјално информираат од Струга ТЛ, Фатјон Јусуфи, играчот за врска кој беше дел од шампионскиот тим минатата сезона, не е веќе член на клубот од Струга.

Иако неговиот договор беше со важност од јуни 2024 година, денеска со меѓусебен договор истиот е раскинат.

Инаку Јусуфи во Струга ТЛ дојде лани од Ренова, а во шампионската сезона настапи на 24 мечеви и запиша еден гол и една асистенција.

Се разбира дека Струга ТЛ му се заблагодари на Јусуфи на учинокот и му посака многи успех во натамошната кариера.

ПретходноПолн “Олд Трафорд“ ја чека Македонија, продадени сите билети!
СледноВлазнија се пофали и со Чешмеџиев! (ФОТО)