Шест играчи си заминуваат од Манчестер Сити летово

734

Шестмина играчи на Манчестер Сити може да го напуштат „Етихад“ во летниот преоден рок, пишува „The Athletic“.
Бекот Кајл Вокер сака да го напушти тимот затоа што не е задоволен од малата минутажа која тренерот Гвардиола му ја даваше во финишот на сезоната. Потоа Жоао Кансело вториот дел од сезоната ја помина во Баерн Минхен исто така не сака да игра за Сити повеќе.
Уште еден дефанзивец на „граѓаните“, Ајмерик Лапорт сака да се проба во друго првенство. Овој фудбалер не е задоволен од тоа што често е повреден и не е во првиот тим.
И играчот за врска Илкај Гундоган е блиску да ја продолжи кариерата во Барселона. Договорот му истекува на 30 јуни 2023 година. Германецот сака да го облече дресот на „каталонците“.
Многу веројатно е дека Сити ќе го напушти и крилото Ријад Марез. Алжирецот најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Во сезоната 2022/23 Сити освои тројна круна, освојуваќи ги Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите.

ПретходноМакедонија го победи Сан Марино со 2:1 и избори опстанок во Третата Европска зона во Дејвис Купот!
СледноМакедонија летна за Манчестер, одиме по изненадување! (ФОТО)