Евро-квалификации: Норвешка за 120 секунди загуби добиен меч (ВИДЕО)

1500

Фудбалската репрезентација на Норвешка го доживеа она што и се случи на Македонија синоќа во Скопје. Предводени од Халанд и Одегард, Норвежаните имаа предност од 1:0 над Шкотска до 87 минута, кога следуваше шок во период од 120 секунди. Најпрво гостите израмнија, а само две минути подоцна и постигнаа гол за победа.

Ерлинг Халанд го отвори резултатот со гол во 61. минута, а кога се чинеше дека се е решено, следуваше шок за навивачите на трибините. Шкотите тргнаа на се или ништо и добија. Дајкс во 87. минута постигна гол за 1:1, а потоа Меклин погоди со перфектен удар на асистенција на Дајк за голем пресврт и победа на Шкотска.

Сето ова се случи додека Халанд седеше на клупата, бидејќи селекторот го извади во 84. минута.

Црна Гора и Унгарија на дуелот во Подгорица одиграа без голови (0:0), додека Азербејџан на средбата со Естонија одигра 1:1.

ПретходноКелце го „сруши“ ПСЖ и си закажа ЛШ финале против Магдебург
СледноАнадолу Ефес со рекордна 16-та титула во Турција