Лионел Меси нема да го игра претстојниот пријателски меч на Аргентина против Индонезија во понеделник. Напаѓачот не е во групата за натпреварот, а тоа ги налути фановите кои купија билети за натпреварот.
Мечот ќе се игра на „Гелора Бунг Карно“ стадионот во Џакарта, главниот град на Индонезија.
„Се чувствувам тажен и разочаран. Тоа ми беше најголемата шанса да го видам Меси во живо“, коментира 31-годишен навивач кој патувал 12 часа со брод за да може да присуствува на натпреварот.
„Меси е фудбалска икона и сигурен сум дека 90 отсто од билетите беа продадени само поради него. Тоа е маркетинг од нивна страна“, се налути друг обожавател.
Повеќе од 60.000 луѓе купиле билети за проекцијата, но нема да можат да го видат својот миленик. Токму Меси беше рекламното лице на натпреварот, бидејќи билбордите со неговиот лик можат да се видат низ целата земја.
Аргентина ја совлада Австралија во првата контрола на азиската турнеја на светскиот шампион. Натпреварот се одигра во Пекинг, а по него тренерот Скалони потврди дека Меси нема да игра на следниот натпревар.
Kayaknya nggak pada kenal ya sama pemain Argentina yang dateng ke Indonesia?
Ya harus diakui magnetnya adalah Messi.. pic.twitter.com/hCcjHMC2Mz
— PanditFootball.com (@panditfootball) June 16, 2023
🇦🇷🛬🇮🇩 The Argentina National Team landed in Indonesia last night (16/6) for a friendly match against the home team on 19/6.
The list of the defending World Cup champion 2022 to Indonesia has 25 players, but stars such as Lionel Messi, Otomendi, and Di Maria are absent.
📸#AFA pic.twitter.com/Y5ql8SCCBg
— ASEAN FOOTBALL (@theaseanball) June 17, 2023