„Фалангата“ организира фан зона во Манчестер пред дуелот Англија – Македонија

1051

Македонската фудбалска репрезентација в понеделник со почеток од 20:45 на легендарниот Олд Трафорд, го игра третиот натпревар од тековните квалификации за следното Европско првенство против домаќинот Англија.

По стартниот триумф против Малта, и шок поразот синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје, кога од 2:0 испуштивме не само победа туку и загубивме со 2:3 од Украина, сега одиме на гости кај фаворитот во групата.

Стадионот ќе биде полн, според извештаите целиот 80.000 капацитет е распродаден, но со назнака дека дел од трибинскиот простор е наменет за нашите навивачи.

Спортмедиа дознава, дека дел од дијаспората во Англија веќе на големо е организирана по овој повод, и веќе обезбеди и фан зона за нашите навивачи. Поточно, во корелација со властите, обезбеден е локал во кој ќе се организира фан зоната, а истиот е со адреса, SHAMBLES SQUARE M3 1SW.

Се наоѓа на околу 40 минути пеш од Олд Трафорд, а забавата за нашите навивачи ќе започне во 13:00 часот по локално време. Ќе трае до 17:00 часот, а потоа пеш ќе се тргне кон стадионот. Веќе е пријавено доаѓање на преку 200 навивачи, а се очекува оваа бројка да се удвои до понеделник.

 

ПретходноМакедонија домаќин на Били Џин Кинг купот
СледноКелце го „сруши“ ПСЖ и си закажа ЛШ финале против Магдебург