Барселона го совлада Реал и e на чекор до титулата во Шпанија

153

Кошаркарите на Барселона го победија Реал Мадрид во вториот меч од финалето на шпанската АЦБ лига со резултат 86:85 и дојдоа до водство од 2:0 во серијата. Тоа значи дека на Барселона и е потребна уште една победа за да ја осигураат шампионската титула.
Барселона до победа ја предводеше Миротиќ кој постигна 25 поени, додека кај реал најефикасен беше Хезоња со 18 поени.
За два дена се игра нов меч меѓу овие екипи, а домаќин ќе биде Реал.

ПретходноТажна вест: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето!
СледноБрендан Роџерс е новиот тренер на Селтик