Им „прекипе“ – Чави на удар на челниците на Баерн!

2190

Херберт Хајнер, претседателот на Баерн во интервју за Скај отворено ги критикуваше постапките на Барселона и нејзиниот тренер Чави.

„Не ги разбирам. Тој беше врвен играч, но вака отворено да флертуваме со нашите играчи, кои имаат важечки договор со клубот… Тоа не е во ред“, изјави предводникот на германскиот шампион.

Да потсетиме, Чави неодамна со голем интерес зборуваше за Џошуа Кимих.

„Кимих има договор, па ако постои отворена врата, со задоволство би преговарале. Зборував со Кимих во Катар. Се запознавме на еден настан. Тој рече дека е мој навивач. Тој е под договор со Баерн, па се зависи од него. Но, погледнете го Левандовски. Тој сакаше да дојде кај нас, зошто да не дојде и Кимих?“, изјави Чави тогаш во интервју за „Мундо Депортиво“. Тој го гледа Кимих како идеална замена за Серхио Бускетс.

Кимих е еден од најдобрите централни играчи за врска во светот. Тој има договор со Баерн до летото 2025 година, а Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 80 милиони евра.

Оваа сезона одигра 47 натпревари за Баерн во сите натпреварувања. Постигна седум гола и 11 асистираше.

ПретходноЛазарови уживаат во врвниот ракомет!
СледноМбапе во понеделник ќе има шанса да урне рекорд од 1958 година!