МВП признанието во рацете на ракометарот кој мислевме дека нема да игра финале!

300

Магдебург после 21 година повторно се радува на трофејот во Лигата на шампиони. Во финалето германскиот тим го совлада Кјелце со 30-29 после продолженија и дојде до првата титула во ова натпреварување во овој формат на најсилното еврпско клупско ракометно натпреварување.

Пред крунисувањето на новиот првак, беше прогласен и најкорисниот играч ан фајнл-фор завршницата, а истото заврши во рацете на Гисли Кристјансон. Тој се повреди во полуфиналето против Барселона, дури и беше највен дека нема да игра денеска, но на изненадување на сите влета на теренот, со шест гола го предводеше Магдебург до титулата.

ПретходноВасе Михаилов денеска по 100-ти пат во дресот на Македонија (ФОТО)
СледноЧеферин: Саудијците грешат со купувањето на возрасни фудбалери