Нервоза, тага и бес… „Hello“ Манчестер!

1380

Спортмедиа во Манчестер,
Игор Д. Ивановски

Едно тажно патување, едно од оние кои немаа ведрина, насмевки и оптимизам…ваква беше атмосферата и летот на нашата фудбалска репрезентација од Скопје за Манчестер. Неверување! Она што ни се случи на дуелот со Украина и тој болен пораз е причината за тагата, посебно кај нашите фудбалери кои многу не коментираат, делуваат повлечено, барат одговор на прашањето: Што се случи!?
“Не сум загубил вако меч…“,
“Каде згрешивме…!?“
„Ова не е за верување…“, се само дел од коментарите на нашите репрезентативци.

По едно такво фантастично прво полувреме и водство од 2:0 до пораз и празни раце со финални 2:3 за Украина. И болката да биде уште поголема, вчера на скопскиот аеродром ние летаме за Манчестер, а Украина во исто време кон Полска.
Нервозата, тагата и бесот е очигледен кај сите во нашиот национален тим.

Во домот на новиот европски првак!
Фудбалската репрезентација на Македонија од синоќа е во фудбалската престолнина на Европа, и престолнина на aнлискиот фудбал со децении. Манчестер Сити пред неколку дена тука ја прослави својата прва круна во Лигата на шампионите, во градот, кој е далеку попознат по „ѓаволите“ и по „Театарот на соништата“ (Олд Трафорд), но сега е некое ново време, тука сината боја а во преден план, пред црвената.

„Олд Трафорт“ е распродаден за утрешниот квалификациски дуел Англија – Македонија, ние по речиси по две децении повторно сме тука каде со истиот ривал на истиот стадион одигравме одлични 0:0!

Англија е супер фаворит, денеска се последните проверки на двата тима, а Македонија попладнево и ќе го име тренингот на славниот стадион. Оваа генерација на наши фудбалери, барем оние помладите до денеска сонуваа, а поладнево ќе бидат и самите на теренот на „Олд Трафорд“ каде утре не очекува тешка битка со супер силен ривал.

„Hello“ Манчестер, напред Македонија!
Ќе има неколку стотици наши навивачи на „Олд Трафорд“, каде од 20:45 се игра дуелот Англија – Македонија. Уште вчера низ улиците на овој град можеа да се видат „црвено-жолтите“ бои и првите наши навивачи кои пристигнаа во Англија. Времето тука за чудо, подобро е од Скопје, иако е јуни кога претежно во нашата земја вообичаено има потопли денови за разлика од изминатите.

И покрај болниот пораз од Украина, нашите фудбалери треба да застанат на нозе и да се вратат на психички план затоа што пред себе имаат голем предизвик. А многу пати кога сме биле во вакви ситуации сме знаеле да направиме чуда!

Затоа напред момци и заборавете ја Украина, тој меч нема да се врати, бодовите се загубени и сега треба да се мисли на тоа што следи! А следи Англија, Манчестер, „Олд Трафорд“… Поголема мотивација и не може да имате!

ПретходноПо неверојатната драма, Ла Лига го доби последниот член за следната сезона (ВИДЕО)
СледноАлкалоид го освои меморијалот „Марко Божиновски“