Македонската фудбалска репрезентација предмалку го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски дуел против Англија на легенрадниот ПОлд Трафорд во Манчестер.
„Театарот на соништата“ за нашиот национален тим е што се вели „мелем за раните“ од пред два дена и оној шок пораз против Украина, затоа што не секој ден се игра и се тренира на еден од најславните фудбалски стадиони на светот.
Репрезентативците со насмевки на лицата одработеа уште една тренинг сеанса пред утрешниот дуел кој стартува од 20:45 и на кој треба, мора да се кренеме по она што ни се случи во Скопје. И така и ќе биде. Веруваме во нашите „Рисови“ и во нивниот капацитет повторно да ја кренат атмосферата на потребното ниво, да одиграат фајтерски и да направат сензација среде Англија.