Тажна вест: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето!

1163

Иако се чинеше дека главната битка е добиена и дека новинарот на кого му се слоши во 47. минута за време на финалето меѓу Магдебург и Кјелце е во добра состојба, сепак од Келн доаѓаат тажни вести. Полскиот новинар Павел Котвица почина, а оваа информација ја соопшти и ЕХФ, откажана е последната прес-конференција по завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Котвица работеше во полскиот портал „Ехо Днија“, колабираше во 47. минута, по што финалето беше прекинато околу 20. минути. Откако судиите и делегатот добија позитивен сигнал дека неговата состојба е стабилизирана, сепак животот на Павел згасна на 51 година.

ПретходноТриумф на Верстапен во Монтреал, се изедначи со легендарниот Сена
СледноБарселона го совлада Реал и e на чекор до титулата во Шпанија