Триумф на Верстапен во Монтреал, се изедначи со легендарниот Сена

167

По две едноподруго трки во Европа, Формула 1 караванот се врати во Северна Америка каде вечерва се возеше канадското Гран при. Светскиот шампион Макс Верстапен заврши прв на патеката „Жилс Вилнев“ во Монтреал. Тој стартуваше од првата позиција и го задржа водството до крајот.

На стартот видовме и борби во кои Луис Хамилтон го претекна Фернандо Алонсо за втората позиција. Шарлс Леклер направи добар прогрес достигнувајќи го деветтото место по само два круга.
Во осмиот круг Џорџ Расел удри во ѕидот поради што се вмеша и сигурносното возило. Во меѓувреме Леклер направи уште еден прогрес и стигна до четвртата позиција. Алонсо ја врати втората позиција.
Немаше промени во водечката петорка се до крајот па така победата му припадна на Верстапен на кого ова му е втор триумф во Монтреал во кариерата по минатата година. Севкупно за Холанѓанецот е шеста победа во 2023 година, a 41. севкупно во Ф1 шампионатот изедначувајќи се со легендарниот Ајртон Сена.

Второто место го освои Фернандо Алонсо, а третото Хамилтон. Следуваат двајцата возачи на Ферари, Леклер и Карлос Сајнц на четвртото и петтото место. Следуваат Серхио Перез, па Албон, Окон, Ландо Норис, Валтери Ботас…

ПретходноДобри два сета, но на крајот убедлив пораз од моќната Украина
СледноТажна вест: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето!