Квича Кварацкелија е трансферна цел на Маурицио Покетино и Челзи во летниот преоден рок. Имено некогашниот двократеен европски првак сака детално да го реконструира својот тим па така во средниот ред сака да го има чудото од истокот, а тоа Кварацкелија или Кварадона како што милуваат да го нарекуваат фановите на Наполи.
Познато е дека токму Кварадона, инаку соиграч на нашиот Дијамант Елиф Елмас, беше еден од најзаслужните за титулата во Сериа А на Наполи по цели 33 години.
Секако дека за овој трансфер одлучува и првиот човек на шампионот на Италија, Аурелио Де Лаурентис.
Дали се доволни за него тие 120 милиони евра или не, допрва ќе се знае.