Холандскиот гигант Ајакс објави дека ги засилил своите редови со репрезентативец на Босна и Херцеговина. Се работи за младиот фудбалер Бенјамин Тахировиќ кој е роден во 2003 година во Шведска. Тој ја почнал кариерата во Васалундс пред да и се приклучи на Рома во 2021 година.
„Бенјамин е силен играч од средниот ред и знае да задржи топка. Тој е голем талент со фантастичен менталитет. За неколку денови тој ќе пристигне во Амстердам за да го комплетира договорот“, изјави спортскиот директор на Ајакс, Свен Мислинтат.
Неофицијално, Ајакс ќе плати отштета од 8,5 милиони евра за неговите услуги.
Тахировиќ моментално е со репрезентацијата на БиХ која игра квалификации за ЕП 2024.
Welcome to AFC Ajax, Benjamin Tahirović! 👋
— AFC Ajax (@AFCAjax) June 18, 2023