Димитриевски: Фокус, концентрација, па зошто не и поволен резултат дури и победа

137

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одработи единствениот, оној официјалниот тренинг на Олд Трафорд, местото каде што утре со почеток од 20:45 часот ќе се сретнеме со домаќинот Англија, во рамките од третото коло од квалификациите за следниот Европски шампионат.

Македонија во овој дуел влегува „ранета“. Загубивме во Скопје пред два дена меч кој не смееше да го загубиме, затоа што имавме два гола предност против Украина, а на крајот останавме со празни раце.

Мораме да се фокусираме на самиот натпревар односно истиот да остане на највисоко ниво. Секако, мора да се даде комплетниот максимум, а ако се случи тоа, можеме до поволен резултат, а зошто не и до победа.

Мечевите се блиску еден до друг, заморот е присутен, но тоа не мора да значи нешто негативно. Имаме топ екипа, имаме топ играчи, кои можат да одговорат на едно вакво ниво. Мислам дека доколку го задржиме фокусот, концентрацијата на максимално ниво, можеме да дојдеме до посакуваниот резултат. 

Да, ние одигравме перфектни 60. минути против Украина, но не треба јас да кажам дека мечот трае деведесет минути. Самите сме свесни и самокритични околу овој момент, свесни сме што испуштивме со падот на концентрацијата. Тоа секако дека е лекција повеќе за нас, како за утрешниот меч така и за во иднина.- изјави нашиот голман Столе Димиревски пред утрешниот меч.

 

ПретходноОткако одмарав три години во Реал Мадрид, сега сум подготвен за врвен фудбал!
СледноАлиоски: Посебен момент, не се игра секој ден на Олд Трафорд