Дон Карло ќе биде селектор на Бразил!

732

Се чини дека готова е сагата околу тоа кој ќе биде селектор на Бразил. Тоа ќе биде Карло Анчелоти, стратегот на Реал Мадрид. Ваква информација, со назнака – потврдено, доаѓа утринава од Бразил.

Само прашање е кога Дон Карло ќе седне на клупата на Бразил, што секако дека ќе биде историја.

Имено како што пренесува “Глобо“, Фудбалската Конфедерација на Бразил има намера да го чека до 2024 годинам значи до следниот јуни до кога се очекува Дон Карло да биде тренер на “кралевите“.

Сепак, за ова треба и самиот Анчелоти да се изјасни.

ПретходноКјелце или Магдебург, кој ќе влезе во друштвото на Вардар?
СледноСелекторот во болница кај Дарко Чурлинов!