Златан Ибрахимовиќ неодамна на 41-годишна возраст се прости од фудбалот и по многу титули и достигнувања нема за што да жали.
Швеѓанецот минатата недела беше на финалето на Ролан Гарос, го бодреше својот пријател Новак Ѓоковиќ, кој ја подигна 23. Грен слем титула и постави рекорд во машкиот тенис.
Само една недела подоцна, тој веќе си најде ново хоби, а тоа е тенисот, па не му требаше многу да го повика српскиот тенисер.
„Ноле, кога и да си подготвен“, порача Ибра на Ѓоковиќ.
Тоа веројатно ќе се случи во одреден момент, но прво Новак ќе проба да го зголеми својот рекорд на Вимблдон до средината на јули.