Италија трета во Лигата на Нациите (ВИДЕО)

150

Во мечот за третото место на финалниот турнир во Лигата на Нациите, репрезентацијата на Италија ја совлада Холандија и тоа на нејзин терен со конечни 2:3.

Голеадата ја започнаа токму Азурите со погодоците на Димарко и Фратези во шестата односно дваесеттата минута.

Бергвијн ја врати неизвесноста за домашните и намали на 1:2, пред Киеза повторно да донесе плус два за гостите.

Вајналдум во последните моменти од мечот ги постави конечните 2:3.

Во виналето вечерва од 20:45 се среќаваат Хрватска и Шпанија.

ПретходноСе вратија насмевките кај нашите – Олд Трафорд инспирира (ФОТО)
СледноСаутгејт: Македонија ја елиминира Италија, тоа е тим со квалитетни поединци