Каков меч во Келн: Магдебург го урна Кјелце по продолжение за втора титулата во ЛШ!

200

Магдебург дојде до втората титулата во Лигата на шампиони, откако во возбудливо финале го совлада Кјелце. Битката за пехарот во Келн ги оправда сите очекувања, беше вистинска драма до последната секунда, а како некое непишано правило победникот беше решен после продолженија. Регуларниот дел заврши (26-26), додека по екстра времето резултатот беше 30-29.

Магдебург после 21 година успеа да се искачи на тронот во Европа, последен пат се радуваше во 2002 година. Германците дојдоа како аутсајдери, сосема заслужено си одат до пехарот.

Германскиот тим подобро влезе во мечот, поведе со 4-1. Предноста ја држеше до 10. минута, на другата страна Кјелце со серија од 3-0 направи пресврт за прво водство (6-7). Следеше неизвесна битка, полскиот состав предводен од Алекс Душеваев и неговите шест гола го наметна своето темпо, тука беше и Волф кој во првиот дел запиша девет интервенции. На доморот резултатот беше 13-15.

Во 35. минута, Кјелце дојде на плус четири (14-18). Но, Магдебург не се предаде, Портнер со две интервенции, Смитс и Јенсен доближија на 16-18, имаа шанса за минус еден. Кјелце го диктираше темпото и позитивата од два до три гола и тоа благодарение на грешките на противникот.

Во 47. минута финалето беше прекинато, медицинските лица истрчаа на трибините, на еден од новинарите му се слоши. По пауза од 15 минути и повеќе, дуелот продолжи.

Магдебург успеа да целосно да се врати по овој прекин, Портнер влезе во ритам во вистинско време, ги искористи грешките на Кјелце и во 53. минута израмни на 22-22 за целосно враќање на неизвесноста. Се играше гол за гол, со тоа што избраниците на Талант Душебаев ја имаа предноста од гол.

Но, сето ова брзо се промени, Осаливен и Смитс го вратија водството после долго време, на четири минути до крајот на семафорот стоеја 25-24. Морито израмни, Волф одбрани, па Данил Душебаев погоди за 25-26.

Магдебург направи голема грешка, поради неправилна измена Осаливен го напушти мечот. И кога се чинеше ова е победа за Кјелце, Дамгард ја најде слабата страна на одбраната, израмни на 26-26. Талант повика тајм-аут, но немаше реализација за продолженија.

На крајот на првото и почетокот на второто продолжение, Магдебург поведе со 29-27 со головите на Смитс и Дамгард. Кјелце се бореше да се врати, изненадувањето на германскиот тим, Гисли, кој беше најавен дека нема да настапи поради повреда, го држеше својот тим. Времето течеше во корист на Магдебург, по погодокот на Туран за 30-29, Дамгард не реализираше, на потег беше Кјелце, не искористи напад за израмнување на голема радост во редовите на бундес-лигашот.

Смитс имаше осум гола, два помалку постигнаа Дамгард и Гисли, Портнер имаше осум одбрани. На другата страна Алекс Душебаев запиша осум гола, додека Волф имаше 15 интервенции.

ПретходноИџе и со второ место во Италија е убедливо прв
СледноПознати противниците на Македонија во Били Џин Кинг Купот