Кјелце или Магдебург, кој ќе влезе во друштвото на Вардар?

275

По вчерашните полуфинални пресметки на фајнл-фор завршницата во Келн, денеска следи шлагот на ракометната сезона во Лигата на шампионите.

По она што го видовме во првиот ден, сосема е јасно дека во „Ланксес Арена“ ќе следат две возбудливи битки, кои ќе предизвикаат нови воздишки кај фановите.

Европа ќе добие нов владател, Кјелце или Магдебург. Заедничко за двата тима е што одат по втората титула во Лигата на шампиони, исто колку што има Вардар 1961. „Црвено-црните“ беа дел од три фајнл-фор завршници, од 2017 до 2019, само во 2018 не успеаја да остварат успех, завршија како четвртти.

Германскиот тим кој ја совлада Барселона со 40-39 после продолженија и изведување на пенали, последен пат на тронот се искачил во 2002 година. Во финалето Магдебург нема да биде комплетен, остана без услугите на Гисли Кристјансон, кој го повреди рамото на вчерашното финале.

На другата страна Кјелце пак титулата ја освои во 2016 година, полскиот состав исто така е гладен за нова радост. Ги има екс-вардарците, Игор Карачиќ, кој вчера покажа зошто во 2019 година беше прогласен за МВП на турнирот. Тука е и Алекс Душебаев, кој беше дел од златната генерација на Вардар 2017 година.

Двата тима се немаат сретнато претходно во Лигата на шампионите, финалето е закажано во 18 часот.

Пред оваа битка, следи малото финале, а таму Барселона и ПСЖ ќе играат за утешното трето место. Раул Гонзалес и натаму по заминувањето од Вардар во 2018 година не успеа да дојде до трофејот со ѕвездениот состав на ПСЖ. На другата страна Каталонците ќе се обидат да се издигнат по елиминацијата во пенал рулетот. Инаку Магдебург е првиот тим кој успеа да ја прекине низата од 25 мечеви без пораз на Барселона. Овој натпревар е закажан во 15:15 часот.

Претходно“Лавовите“ ги промовираа Јакимовски и Бајрами!
СледноДон Карло ќе биде селектор на Бразил!