Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е во Келн. Тој во друштво на својот брат Филип и синот Благојче ја следат фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони.
И тука Лазаров го држи рекордот, тој е ракометарот со најмногу дадени голови на еден завршен турнир. На врвот на листата е со 68 погодоци.
Денеска се игра финалето, а силите ќе ги одмерат Магдебург и Кјелце.