Вечерва од 20:45 часот се игра финалето во Лигата на Нации. Се среќаваат Хрватска и Шпанија, и тоа на “Де Кујп“ стадионот во Ротердам.
Во некои други времиња ќе беше чудно Хрватска да биде фаворот против една Шпанија, но сега веќе не е така. “Коцкестите“ под водство на Златко Далиќ на последните две светски првенства имаат финале и полуфинале, а “фурија“ беше со катастрофални резултат.
Хрватска е моќна селекција, предводен од еден Лука Модриќ знае што сака, тоа го покажа во полуфиналето против домашната селекција на Холандија, додека реално Шпанците со многу, многу среќа ги минаа „аѕурите“.
Секако дека однапред ништо не се знае, но ако Модриќ и другарите одиграат како што знаат, тогаш нема да имаат проблеми својата нација да ја израдуваат со историско злато, со фантастичен резултат.
Кога сме кај традицијата, која и не мора ништо да значи, Шпанија има подобар скор. На девет меча има пет победи, едно реми и три победи на Хрватите.
Како увертира на ова големо финале, од 15 часот се игра мечот за 3.место меѓу селекциите на Холандија и Италија во Еншеде.