Македонија на мегдан со Украина!

306

Вечерва од 20:15 часот во Скопје, нашата најдобра одбојкарска селекција ќе го одигра својот последен меч во групата во “Златната лига“. Ривал на момците на селекторот Јошко Миленкоски ќе им биде Украина, селекција која досега забележа пет победи во исто толку натпревари и заслужено е прва на табелата со максимален број на бодови.

Се разбира дека ова е тежок тест за нашите момци, мно како ја одиграа оваа „Златна лига“ секако дека ни дава надеж дека можеме да дојдеме до добар резултат, посебно ако се знае дека играме на свој терен и пред својата публика.

Македонија во пресрет на вечерапниот шест меч против Украина, досега има две победи и три порази.

Досега во “Борис Трајковски“ паднаа Белгија и Хрватска, па еве шанса да се стори нешто повеќе и против силната Украина.

Време е за врвна одбојка, време е нашите одбојкари да покажа уште еднаш што знаат, а фановите да ја бодрат Македонија како и обично.

Да кажеме дека влезот за вечерашниот одбојкарски спектакл, кој се игра од 20:15 часот во “Борис Трајковски“ ќе биде слободен.No description available.

ПретходноНасмевки кај Англичаните пред дуелот со Македонија! (ФОТО)
СледноАбрамович одбива да и ги даде парите на Украина од продажбата на Челзи!