Милевски: Натпревар како утрешниот го играте еднаш или никогаш, а Македонија има капацитет да изненади

447
Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

 

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 часот го игра третиот квалификациски дуел од тековната европска кампања против репрезентацијата на Англија на гостински терен. Во домот на Манчестер Јунајтед, легендарниот Олд Трафорд, Македонија ќе се обиде да направи сензација, и преку евентуалниот успех да заборави на она што се случи пред два дена во Скопје, против Украина кога испуштивме водство од 2:0 за да загубиме со 2:3.

На официјалниот прес пред дуелот предмалку се појавија авторитетите во репрезентацијата. Селекторот Благоја Милевски односно капитенот Стефан Ристовски. Се наоѓаме во специфичен момент и мора едноставно да се оправда и дебаклот во Скопје, како и да се најави што не чека утре против Англија. За што Македонија е способна во моментов, од психолошки, но и физички аспект.

„Од 2006 до сега се поминати 17 години. Поинаков фудбал тогаш до сега. Македонија има сили и потенцијал да одигра и утре и во овие квалификации воопшто. Ме радува тоа што сите играчи тренингот го минаа без проблеми и сите се спремни за утрешниот меч. Натпревар како овој утрешниот го играте сега или можеби никогаш за тренерите како нас и играчите. Сакам да го докажеме уште еднаш нашиот квалитет и да уживаме во еден убав натпревар. Утре мораме без Муслиу, но имаме квалитет за негова замена. Не би зборувал сега со кој ќе играме утре, задоволен сум од тоа како игравме со Украина, иако некои моменти пресудија да загубиме. Дуелот со Англија е најтежок за нас но немаме како репрезентација товар или притисок, треба да уживаме против едни од најдобрите ако не и најдобри во Европа. Играат одличен како на клубско така и на репрезентативно ниво“  – изјави селекторот на Македонија, Благоја Милевски.

Ристовски: Имаме мотив и инспирација, ретко се игра на овој стадион

Имаме инспирација, ретко се игра на ваков стадион, ова е највисокото ниво, врвот на фудбалот е тука. Мотивација не ти треба, да излеземе и да дадеме максимум. Знаеме да направиме изненадувања, ни требаат вакви ривали за чудо. Таа нервоза по поразот од Украина да ја истуриме против Англија. Играме со најголемиот фаворит во групата, полн стадион и тоа е голем момент за нашиот фудбал, нашата држава  – додаде нашиот капитен Стефан Ристовски.

ПретходноАлиоски: Посебен момент, не се игра секој ден на Олд Трафорд
СледноИџе и со второ место во Италија е убедливо прв