Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски
Во пресрет на утрешниот дуел со Македонија, во рамките на квалификациите за ЕВРО, во групата – Ц, домашната селекција попладнево го одработи својот тренинг и тоа во убава атмосфера. Се разбира ако се гледаат насмевките кај избраниците на селекторот Герет Саутгеј, кои имаат три од три и со 9 бода се убедливо први на табелата.
Од друга страна ние посакуваме изненадување, како што тоа досега Македонија на двете гостувања пред две децении го направи.
Така нека биде и утре.