Џордан Пикфорд, голманот на Евертот и репрезентацијата на Англија, е пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Оваа вест ја пренесуваат медиумите на Островот, а за овој трансфер клубот од “Олд Трафорд“ е подготвен да плати најмалку 45 милиони фунти.
Познато е дека Ерик Тен Хаг не го “мириса“ премногу Давид Де Хеа, па токму затоа Пикфорд би требало да биде замената за шпанскиот голман кој долги години е на голот на Јунајтед.