По неверојатната драма, Ла Лига го доби последниот член за следната сезона (ВИДЕО)

157

Фудбалерите на Алавес обезбедија пласман во шпанската Ла Лига следната сезона, откако во финалето од дополнителните квалификации го совладаа Леванте. Првиот натпревар во Виторија заврши без голови, а по 90 минути од натпреварот во Валенсија беа затворени и мрежите.

Во продолжението фудбалерите на домашниот Леванте двапати ја погодија стативата, а драмата го достигна врвот во второто продолжение кога беше досуден пенал за Алавес откако топката го удри Роберт Пјер во рака. Судијата проверуваше дури шест минути пред да одлучи да покаже на белата точка.

Вилјалибре беше прецизен од пеналот и донесе огромна радост за Алавес.

ПретходноИбрахимовиќ го предизвика Ѓоковиќ!
СледноНервоза, тага и бес… „Hello“ Манчестер!