Саутгејт: Македонија ја елиминира Италија, тоа е тим со квалитетни поединци

360

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт, на денешната официјална прес конференција пред утрешниот трет меч одДобро  тековните квалификации против Македонија кој се игра на Олд Трафорд со почеток од 20:45, рече дека нашиот национален тим воопшто нема да биде лесен залак, напротив. Примерите од минатото во кој Македонија ја победи Германија, ја елиминира Италија во баражот на Мундијалот, се држеше добро против Португлија кажуваат дека ние имаме сериозен квалитет.

„Добро го знаеме квалитетот на Македонија. Таа селекција има поединци кои играат во големи европски клубови. Ја елиминираа Италија, беше „тесно“ и со Португаија. Тоа значи дека ние не може да се потрпеме на фактот дека треба да одиграме во ист ритам, стил, и начин како против Малта во петокот. Далеку од тоа. Ние мора да го подигнеме нивото, темпото, и капацитетот на највисоко можно ниво“ – рече Саутгејт.

 

 

ПретходноИталија трета во Лигата на Нациите (ВИДЕО)
СледноОткако одмарав три години во Реал Мадрид, сега сум подготвен за врвен фудбал!