Се вратија насмевките кај нашите – Олд Трафорд инспирира (ФОТО)

1250
Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

Македонската фудбалска репрезентација предмалку го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски дуел против Англија на легенрадниот ПОлд Трафорд во Манчестер.

„Театарот на соништата“ за нашиот национален тим е што се вели „мелем за раните“ од пред два дена и оној шок пораз против Украина, затоа што не секој ден се игра и се тренира на еден од најславните фудбалски стадиони на светот.

Репрезентативците со насмевки на лицата одработеа уште една тренинг сеанса пред утрешниот дуел кој стартува од 20:45 и на кој треба, мора да се кренеме по она што ни се случи во Скопје. И така и ќе биде. Веруваме во нашите „Рисови“ и во нивниот капацитет повторно да ја кренат атмосферата на потребното ниво, да одиграат фајтерски и да направат сензација среде Англија.

ПретходноСе најде јунак за рекордот на Кирил Лазаров!
СледноИталија трета во Лигата на Нациите (ВИДЕО)