Се најде јунак за рекордот на Кирил Лазаров!

4301

Кирил Лазаров долго време го држеше рекордот на фајнл-фор турнирите во Лигата на шампиони. Најдобриот македонски ракометар беше прв стрелец на завршниците, се до денеска кога Алеиш Гомез Абељо го промени сето ова.

Во битката за третото место меѓу неговата Барселона и ПСЖ дојде до бројката од 69 гола на Ф4 трунирите и официјално го надмина Кирил Лазаров, кој до оваа средба беше на врвот со еден погодок помалку.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим е во Келн, тој заедно со својот брат, Филип и синот Благојче, се во делот на посебни гости на ЕХФ.

ПретходноБарса го демолираше ПСЖ на Раул во битката за третото место во Келн!
СледноСе вратија насмевките кај нашите – Олд Трафорд инспирира (ФОТО)