Силекс се пофали со Димитриј Попоски

378

Тимот на Силекс следната ПМФЛ сезона како опција за младинец во стартниот состав ќе го има левиот бек Димитриј Попоски. Момчето кое беше дел од школата на Вардар, за да потоа настапува и за екипите на Борец, Работнички и Тетекс, сега се сели во тимот на Силекс и ќе се бори за прволигашка минутажа следната сезона.

Силекс веќе некое време работи на засилувањата летово, а според најавите во Кратово сигурно пристигнуваат и класичен стопер, десен бек, напаѓач, а можна е и класична „десетка“.

Претходно“Рисовите“ го почнаа тренингот на славниот “Олд Трафорд“! (ВИДЕО)
СледноБарса го демолираше ПСЖ на Раул во битката за третото место во Келн!