Шпанија преку Хрватска до трофејот во Лигата на нациите!

324

Репрезентацијата на Шпанија го освои трофејот во Лигата на нациите откако вечерва во Ротердам во финалето ја совлада Хрватска на пенали (5:4).

Шпанците беа поопасни во мечот, Гави и Родри на стартот се заканија но не успеаја, а на спротивната страна во 31 минута Перишиќ се најде во шанса но Симон одбрани.
Родри имаше непрецизен обид во 65 минута, а во финишот Ансу Фати се обиде но Перишиќ ја одби топката од гол-линијата. Во продолженијата ништо не се смени, па следуваа пеналите.

Првите шест беа успешно реализирани, а во четвртата серија промаши Ловро Мајер поточно Симон го одбрани неговиот удар, додека на спротивната страна погоди Асенсио. Во петтата Перишиќ ја тресе мрежата, а Лапорт место за победа ја погоди пречката и ја продолжи серијата.

Сепак, во следната серија Унаи Симон со прекрасна парада спречи удар на Петковиќ, за после него искусниот Карвахал да погоди и да го донесе трофејот на Шпанија.

Ова е прв пат трофејот да завршува кај Шпанците, претходните две изданија им припаднаа на Франција и Португалија.

ПретходноABA финале: Црвена Звезда ја продолжи серијата, Партизан падна во „Пионир“
СледноЈубилеј: Вечерва Дијамантот по 50-ти пат во дресот на Македонија!