ABA финале: Црвена Звезда ја продолжи серијата, Партизан падна во „Пионир“

289

Екипата на Црвена Звезда го совлада Партизан со 91:78 во третиот меч од финалната серија во АБА лигата и со тоа го намали резултатот на 1:2 во серијата. Мечот помина во тензична атмосфера, малку недостасуваше тој да биде одложен затоа што имаше два инциденти поради кои мечот доцнеше.
Прво играчите на Партизан истрчаа на паркетот, а навивачите на Звезда ги гаѓаа со запалки и други предмети поради што „црно-белите“ се повлекоа во соблекувалните. По некои 10-15 минути кошаркарите на Партизан се вратија, а беа дочекани од свирежи и навреди од трибините и повторно беа гаѓани со предмети.
Овој пат играчите останаа на терен со тоа што од разгласот навивачите беа предупредени дека салата ќе биде испразнета.
Мечот се одигра, Звезда победи и не дозволи да биде „исчистена“ со 3:0. Ќе има и четврти меч.
Клучен за победата на Звезда на овој меч беше Немања Недовиќ кој постигна 19 оени, а Митровиќ и Петрушев постигнаа 15.
Данте Ексум кај Партизан постигна 16 поени, а се истакна и Мадар со 15.

ПретходноАјакс се засили со босански репрезентативец од Рома
СледноШпанија преку Хрватска до трофејот во Лигата на нациите!