Алкалоид го освои меморијалот „Марко Божиновски“

164

Кадетскиот тим на Алкалоид е победник на вториот меморијален турнир „Марко Божиновски“ што се одржува во чест на прерано починатиот македонски ракометар и репрезентативец.

Актуелните прваци во кадетска конкуренција, ракометарите на Алкалоид во финалето го совладаа тимот на Коњух од БиХ со 26-25 во доста интересна завршница. Поради временските услови меморијалниот турнир се одигра во малата сала „Јане Сандански“.

На меморијалниот турнир покрај финалистите учествуваа и екипите на Пелистер, Бутел Скопје, Голден Арт и Аеродром.

Претходно, Алкалоид во полуфиналето го елиминираше тимот на Бутел Скопје (27-16), додека Коњух беше подобар од Е. Пелистер (34-28).

ПретходноНервоза, тага и бес… „Hello“ Манчестер!
СледноПознат јутубер падна на колена пред Роналдо (ВИДЕО)