Откако Барселона не успеа да се пласира во финалето, денеска во битката за третото место буквално сиот свој „бес“ го истури врз ПСЖ. Очекувањата беа едни, но на теренот во „Ланксес Арена“, за жал немаше рамноправна битка, на крајот победата за шпанскиот тим беше изразена во шест гола разлика 37-31 (22-13).
Каталонскиот гигант одигра моќно прво полувреме, едноставно доминираше. Избраниците на Раул Гонзалес беа рамноправен противник до деветата минута, по која шпанскиот состав со серија од 8-0 поведе со 14-6. На одморот негативата порасна на минус девет (22-13).
⭐️ @PerezdVargass ⚡️ Hampus Wanne 🚀
World-classs action 👌 #ehfcl #ehffinal4 @FCBhandbol pic.twitter.com/iKCfy3oSrU
— EHF Champions League (@ehfcl) June 18, 2023
Ракометарите на Барселона не застанаа, на почетокот на второто полувреме на трипати имаа двоцифрена позитива. По 28-18, ПСЖ се разбуди, ја подобри играта, успеа да намали на минус пет, но тоа пак не беше опасност за противникот.