Пред почетокот на денешниот последен меч за Македонија во Европската Златна лига 2023, посебно признание му беше доделено на либерото во нашиот национален тим, Васе Михаилов.
Искусниот струмичанец денеска по 100-ти пат е во дресот на нашата репрезентација, па токму по тој повод пригодна плакета му врачи членот на извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски.
фото: CEV.eu