Магдебург после 21 година повторно се радува на трофејот во Лигата на шампиони. Во финалето германскиот тим го совлада Кјелце со 30-29 после продолженија и дојде до првата титула во ова натпреварување во овој формат на најсилното еврпско клупско ракометно натпреварување.
Пред крунисувањето на новиот првак, беше прогласен и најкорисниот играч ан фајнл-фор завршницата, а истото заврши во рацете на Гисли Кристјансон. Тој се повреди во полуфиналето против Барселона, дури и беше највен дека нема да игра денеска, но на изненадување на сите влета на теренот, со шест гола го предводеше Магдебург до титулата.