Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин вели дека Саудијците грешат со тоа што го промовираат локалниот фудбал со купување на фудбалери кои се на залезот на кариерите. Тој го посочи примерот со Кина која тргна по истиот пат, а потоа нивниот фудбал доживеа колапс.
„Мислам дека Саудијците грешат со тоа што купуваат фудбалери кои се при крај со кариерите. Во што е проблемот? Тие треба да инвестираат во академиите, да покануваат тренери и да ги развиваат своите млади фудбалери.
Со тоа што носат возрасни фудбалери од странство нема да го подобрат фудбалот. Истата грешка ја направија Кинезите, тие масивно трошеа пари на возрасни фудбалери кои гледаат само да заработат многу пари“, изјави Чеферин.