Репрезентацијата на Белгија ремизираше со Австрија (1-1) на домашен терен во натпреварот од второто коло од групата Ф квалификациите за Европското првенство.
Пред натпреварот одличниот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа доби признание за 100. настап во националниот тим, а утринава се појави информација дека тоа може да му биде и последен. Порталот „Nieuwsbald“ тврди дека Куртоа повеќе не е во таборот на репрезентацијата.
Наводно по ремито им се налутил на некои соиграчи и под знак прашалник е дали утре ќе биде дел од тимот кој игра против Естонија.
Според „„Nieuwsbald“ Куртоа бил бесен и од одлуката на тренерот Доменико Тедеско во отсуство на Кевин де Бруин капитенската лента против Австрија да му ја додели на Ромелу Лукаку. Неофицијално, Куртоа бил известен дека тој ќе биде капитен против Естонија, но тоа не променило ништо бидејќи сакал да биде и на двата натпревари.