Квалификации за ЕВРО 2024: “Трите лава“ ја дочекуваат Македонија, Франција на мегдан со Грција

131

По еднодневна пауза поради вчерашното финале во Лигата на Нации, денеска и вечерва продолжуваат квалификациските мечево за ЕВРО 2024 и тоа со дуелите од 4.коло.

Секако дека за нас најважно ќе биде што ќе се случува во Манчестер, каде на „Олд Трафорд“ Македонија и гостува на Англија во меч од групата -Ц, кој започнува во 20.45 часот.

Од нашата група се игра уште дуелот меѓу Украина и Малта, и тоа во Трнава (Словачка) со почеток од 18 часот.

Вкупно 12 квалификациски натпревари ќе се одиграат денеска, а некои од поинтересните се Франција – Грција, Турција – Велс, Словенија – Данска…

НАТПРЕВАРИ ЗА ДЕНЕСКА

18:00 Ч

Ерменија – Летонија

Финска – Сан Марино

Украина – Малта

20:45 Ч

Белорусија – Косово

Англија – Македонија

Франција – Грција

Р. Ирска – Гибралтар

Израел – Андора

С. Ирска – Казахстан

Словенија – Данска

Швајцарија – Романија

Турција – Велс

ПретходноЈуниорките на први „проверки“ во Солун!
СледноТиквеш го потврди Мојсов