Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски
Така се сака Македонија. Тоа по којзнае кој пат го покажуваат нашите фанови, посебно оние од “Фалангата“ кои секогаш и секаде се со Македонија, да и помогнат со своето бодрење и присуство, каде и да играла.
А вечерва Македонија, фудбалска Македонија е пред голем предизвик, и тоа на гости кај Англија на “Олд Трафорд“.
“Фалангата“ веќе цел ден се загрева за овој настан во фан – зоната во Манчестер, а овој фан и тоа како заслужува да биде ставен во рубриката – фото на ден.
Секоја чест…