Челзи пикира напаѓач на Виљареал

120

Николас Џексон е на чекор од трансфер во Челзи, пренесува новинарот Фабрицио Романо кој е специјалист за трансфери на фудбалери. Според информациите, трансферот на напаѓачот на Виљареал е прашање на време со тоа што „сините“ ќе платат 35 милиони евра за него колку што изнесува клаузулата за раскин на договорот.
21-годишниот фудбалер постигна 13 гола и 5 асистенции во 38 натпревари на клупско ниво. Се работи за фудбалер роден во Гамбија, а игра за селекцијата на Сенегал (2 настапи).

ПретходноХимната на Македонија испеана од 1000 грла на „Олд Трафорд“ (видео)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Англија води со 3:0, ние не можеме да излеземе од наша половина