Утре од 14 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите за сезоната 2023/24. Меѓу оние екипи кои ќе се најдат во шеширите ќе биде и нашиот шампион, тимот на Струга Трим Лум.
Имено дел од потесното раководството на клубот ќе биде во Нион од каде во живо ќе ја проследи самата ждрепка и ќе го дознае ривалот на стартот во ова натпреварување, во кое Струга ТЛ ќе го има свое деби.
Делегацијата ќе биде предводена од спортскиот директор Бесарт Исаку, а во неа ќе бидат и секретарот Мифтар Шаќири и шефот на ПР службата на шампионот, Ресул Чолаку.
Да се надеваме дека стружани ќе имаат среќа на утрешната ждрепка.