Би-би-си се прашува и стравува: Дали Македонија може повторно да приреди шок?!

409

Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски

Во пресрет на вечерашниот меч од квалификациската група-Ц за пласман на ЕВРО 2024, меѓу Англија и Македонија, славниот Би-би-си денеска излезе со интересен коментар за силата, квалитетот на нашата репрезентација.

Јасно е дека Англија е фаворит, но според Би-би-си, ако Македонија успее да победи на “Олд Трафорд“ тогаш тоа би било еден од најголемите резултатски шокови во историјата на фудбалот на репрезентативен план.

Се предупредува дека Македонија знаела тоа да го направи во Палермо на гости кај Италија, но исто така Македонија двапати, во 2002 и 2006 успеала да одигра реми во Саутемптон и Манчестер.

Се потсетува најмногу на тој меч на “Сент Мери“ и славниот гол од корнер на Артим Шаќири.

Во прилог на текстот, се наведуваат најголемите шок – резултати во историјата, а читателите може да гласаат.

– Италија – Македонија 0:1 (24 март 2022), Бразил – Хондурас 0:1 (23 јули 2001), Франција – Сенегал (31 мај 2002), Ј. Кореја – Италија 2:1 (18 јуни 2002), Летонија – Германија (19 јуни 2004), Португалија – Грција 0:1 (4 јули 2004), Боливија – Аргентина 6:1 (1 април 2009), Италија – Нов Зеланд 1:1 (20 јуни 2010), Бразил – Германија 1:7 (8 јуни 2014), Англија – Исланд 1:2 (28 јуни 2016), Германија – Ј. Кореја 0:2 (27 јуни 2018), Аргентина – С. Арабија 1:2 (22 ноември 2022).

ПретходноПрекрасна вест: Дарко е подобар, излезе од болница и дава поддршка на своите соиграчи! (ФОТО)
СледноГест за паметење: Бенет Вигерт понудил прекин на финалето и трофејот да оди кај Кјелце!