Спортмедиа во Манчестер, Игор Д. Ивановски
И после 7:0 што да се каже, а да се остане паметен? Кога вриеш во себе, кога репрезентација твоја ти загуби меч со 7:0, тогаш…
Е тогаш БРУКА се пишува, а КАТАСТРОФА се чита.
Селекторот Благоја Милевски го исупшти конците, а “куклите“ заспаа во театарот на соништата.
Точно така.
Па зарем ова е репрезентацијата која лани играше бараж на СП, а играше и на ЕП пред две години.
Без душа, без срце, без срам.
Несфатливо, катастрофално, ужасно.
Ова не само што е најсрамниот пораз, туку ова е и најубедливиот пораз на Македонија во нејзината историја.
Искрено и жално, вакво газење не сме виделе.
А бе да се немало удар кон голот на силната Англија која искрено одигра само со 50 насто од своите сили.
А бе да се немало шанса, смислена акција, ниту желба нешто да се направи.
Можеш да загубиш, но не можеш да не се бориш кога државата е во прашање, националниот дрес.
Е тоа не се простува.
Никогаш.
Срамно, жалосно, уште еднаш ужасно, кошмарно издание на нашата фудбалска репрезентација.
На крај само прашањето…
ПА ДОБРО БЕ…ИМАТЕ ЛИ ОБРАЗ?