Во малата сала „Јане Сандански“ се одржа завршницата на вториот меѓународен турнир во чест на Марко Божиновски, чиј живот згасна прерано. Шест екипи оваа година беа дел од турнирот.
Шампиони на овогодинешниот турнир се ракометарите на РК Алкалоид, кои беа поуспешни во финалето против РК Коњух Живинице. Со бронзениот медал се закити РК Еурофарм Пелистер, додека составот од 4-то до 7-мо место го сочинуваат тимовите на РК Бутел, РК Голден Арт, и РК Аеродром.
По завршување на финалето беа доделени и индивидуалните признанија. За најдобар голман наградата ја понесе Григор Трајковски од РК Алкалоид, најдобро лево крило беше играчот од РК Еурофарм Пелистер – Марко Димовски. Од редовите на РК Еурофарм Пелистер доаѓа и најдобриот стрелец – Томче Пецаковски, а МВП на турнирот е Алем Хаџиќ.
За церемонијата беа присутни поранешни и секогашни репрезентативци, сите дојдоа во чест на Марче, чие име и лик никогаш нема да биде заборавен.