Големиот триумф вчера во Келн во „Ланксес Арената“ на Магдебург во финалето во Лигата на Шампионите, беше и тоа како поматен по смртта на полскиот новинар, на кого прво му слоши а потоа и почина.
Едно време и самото финале меѓу Магдебург и Кјелце беше во прекин заради ситуацијата со новинарот, а во тие моменти стратегот на Магдебург, Бенет Вигерт направил потег за паметење.
Имено тој на луѓето од Кјелце, поточно на Талант Душебаев им понудил финалето да биде прекинато а пехарот да оди кај нив, ако се знае дека во тој момент Кјелце имаше предност, со назнака дека сега веќе нема смисла да се игра овој меч.
Сепак од полскиот тим таа понуда на Вигерт не ја прифатиле, а на крајот тагуваа по поразот од германскиот тим.