Директор на позната српска компанија со столче сакал да ги удри кошаркарите на Партизан (ВИДЕО)

490

За време на третиот меч од финалната серија меѓу Партизан и Црвена Звезда во рамките на АБА-лига се случи голем инцидент. Кошаркарите во „црно-белo“ беа нападнати од страна на публиката која покрај тоа што испрати бројни навреди, по нив гаѓаше со се што ќе им дојде при рака.

Црвена Звезда се огради од инцидентот покажувајќи го прстот кон наводно маскирани фанови на дру клуб, но видеата покажуваат сосема друго. На нив може да се види дека еден од предизвикувачите на инцидентот е директорот на Телеком, Драшко Марковиќ.

Чудно, но вистинито тој не само што ги плука играчите на Партизан, тој со столче во рацете тргнал кон делот на теренот на кој биле противничките кошаркари. Според информациите од Србија, обвинителството ќе поднесе кривична пријава против него.

ПретходноПоранешен холандски репрезентативец осуден на две години затвор
СледноВо чест на Марче – никогаш нема да биде заборавен (ФОТО)