Жорди Алба ќе му се придружи на Меси во Интер Мајами

138

Дефанзивецот Жорди Алба ќе ја продолжи кариерата преку Океанот. Според „Ел Мундо Депортиво“, МЛС клубот Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам, се договорил со Алба за трансфер ова лето како слободен фудбалер, поточно по завршувањето финалето на Лигата на нациите во кои Шпанија ќе игра со Хрватска.
Иако имало интерес од Интер од Милано, Атлетико Мадрид и од клубови од Саудиска Арабија, сепак, Шпанецот ќе се пресели во Интер од Мајами.

Според правилата во МЛС, максималната плата која клубот може да му ја понуди на Алба е два милиони долари годишно. Шпанецот потоа би бил амбасадор за СП 2026 кое ќе се одржи во Северна Америка (САД, Канада и Мексико) со што би добил и дополнителни финансиски средства.
Во Интер би играл со својот поранешен соиграч од Барселона, Лео Меси.

ПретходноЈубилеј: Вечерва Дијамантот по 50-ти пат во дресот на Македонија!
СледноКога Шаќири од корнер ги “шекна“ Англичаните: Момент за историја, горд сум на тој гол! (ВИДЕО)