Калин Ивановски овој понеделник го почнува како 362 тенисер во светот.
Најдобриот македонски тенисер на најновата АТП ранкинг листа направи скок од 50 места, што пак беше очекувано по освојувањето на фјучерсот во Скопје. За Ивановски 362 место е најдобар ранкинг во неговата кариера, првпат се наоѓа во друштвото на „триста“.
Ивановски беше дел од Дејвис куп репрезентацијата на Македонија, но поради повреда не ги доигра натпреварите. Нашата земја остана во третата Европска зона.